Тиквеш одигра 0:0 со Анталиаспор!

196

Во третиот свој пријателски меч во текот на подготовките, фудбалерите на Тиквеш одиграа 0:0 против силниот состав на Анталиаспор. Ова е прво реми на четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов на овие летни подготовки во Болу, ако се зна дека досега токму Анатлиаспор беше совладана со 4:2, а Адана со 2:0.

И на овој меч Мојсов им даде шанса на повеќе свои играчи, комбинираше со составот со цел да ја види на дело моменталната форма на сите свои играчи, на сиот свој потенцијал во овој момент во пресрет на стартот на сезоната 2025/26.

ПретходноВо одлична атмосфера кошаркарите се подготвуваат за тешката битка (ФОТО)
СледноПромоција: Рашфорд во Барселона до јуни 2026!(ФОТО+ВИДЕО)