Тотенхем се во битката за Родриго

120

Тотенхем е заинтересиран за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, објави АС. Спарс се приклучуваат на растечкиот список на кандидати за Бразилецот, на кој веќе се Ливерпул, Баерн Минхен, Арсенал и Челзи.

По триумфот во Лигата на Европа, раководството на Тотенхем е заинтересирано не само да го задржи јадрото на тимот, туку и да го зајакне. Претседателот Даниел Леви ќе се обиде да преговара за пониска цена за Родриго, со цел трансферната цена да се сведе под 90 милиони евра.

Досега, ниту еден од заинтересираните клубови не водел разговори со „кралевите“. Контактите беа само на прелиминарно ниво со претставниците на Бразилецот. Самиот Родриго сака да разговара за својата иднина со тренерот на Мадрид, Чаби Алонсо.

Минатата сезона во Ла Лига, Родриго одигра 30 натпревари, постигнувајќи 6 гола и давајќи 5 асистенции.

ПретходноТри легенди на едно место: Столе, Жути и Таста!
СледноПријавување за ФФМ Лиги за петлиња, помлади петлиња и ФФМ Детски Лиги за сезона 2025/2026