Чалханоглу ги разреши дилемите: Останувам во Интер! Со Лаутаро кога ќе се видиме само ќе се прегрнеме!

228
ФОТО: FC Inter/X

Во изминатите неколку дена во медиумите во Турција наголемо се шпекулираше дека Хакан Чалханоглу ќе си замине од Интер и дека ќе потпише за Галатасарај или Фенербахче. Целата оваа “приказна“ беше “подгреана“ со изјавата на Лаутаро Мартинез на СКП во САД, дека тие што сакаат да си одат можат слободно тоа да го направат, се разбира дека мислеше на турскиот репрезентативец.

Сепак одличниот играч за врска во изјава за медиумите потврди дека останува во Интер:

Деновиве не беше нималку лесно за мене. Имаше многу шпекулации за мене. Од друга страна јас бев во постојан контакт со клубот и сега можам слободно да кажам дека останувам во Интер. Среќен сум тука, среќен сум што сум дел од Интер. Со капитенот се е јасно. Кога ќе се видиме со Лаутаро само ќе се прегрнеме“ посочи покрај другото Турчинот во дресот на Интер.

ПретходноПромоција: Рашфорд во Барселона до јуни 2026!(ФОТО+ВИДЕО)
СледноПријателски: Вториот тим на Шкендија убедлив против Работнички, Струга ТЛ ремизираше со Љапи!