Шкендија веќе денеска закажа пријателски меч со Работнички

371

Иако пред само дванаесетина часови, тимот на Шкендија синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје обезбеди победа од 1:0 против романскиот тим ФЦСБ во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, веќе денеска тетовци закажаа пријателски меч. Против тимот на Работнички на домашен терен од 18:00 часот.

Секако, на овој меч ќе настапат играчите кои против  ФЦСБ имаа многу мала и немаа воопшто минутажа, за да можат да ја одржат натпреварувачката форма. Колку и да е убаво да се игра во Европа, ПМФЛ шампионатот за нашите екипи секогаш е приоритет, а за таму се потребни ама буквално сите фудбалери.

Напомена, дека за една недела тимот на Шкендија го игра реванш дуелот против ФЦСБ во Романија.

 

ПретходноЖоао Феликс се враќа дома за 25 милиони евра
СледноЕМОФ: Добар настап и добар резултат на Далија Стојановска во Планински велосипедизам! (ФОТО)