Астана и Зимбру на првиот меч одиграа 1:1!

81
ФОТО: FC Zimbru/FB

Познато е дека ако Вардар успее да ја мине Лозана во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, тогаш во таа трета рунда ќе игра со подобриот од двмечот меѓу Астана (Казахстан) и Зимбру (Молдавија).

Токму затоа е интересен за вардарци а и за нашата фудбалска јавност овој двомеч.

А првиот натпревар меѓу овие две екипи, кој се одигра во Астана попладнево заврши без победник со резултат 1:1.

По малку изненадувачки, ова значи дека сега Молдавците имаат поголема шанса да одат натаму и да играат можеби со нашиот најтрофеен клуб во следната фаза.

Зимбру дојде во водство од 0:1 со голот на Дахан во 45.минута, додека домашните израмнија преку Башиќ во 56.минута за конечни 1:1.

ПретходноВторо квалификациско коло ЛК: Вардар против Лозана ги „буди“ победничките духови од минатото
СледноФранцузинот во Пелистер 2 најави: Едвај чекам да заиграм пред полни трибини