Билетарата на Арената веќе е отворена и ќе работи до стартот на мечот Вардар – Лозана

281

По пресрет на вечерашниот дуел од второто коло од Лигата на Конференции, помеѓу екипите на Вардар и Лозана од Швајцарија, нештата околу организацијата веќе се при крај.

Преостануваат уште неколку часа до самиот старт на мечот, кој што е закажан за 20:30 часот, а што се однесува до билетите информацијата е следна.

Покрај досегашната опција да се купуваат онлајн, од 11:00 часот денеска, па се до стартот на мечот, билети за јужната трибина на Арената можат да се набават и на билетарата на нашиот најголем стадион.

 

ПретходноВардар вечерва игра за плус 750.000 евра од УЕФА
СледноКумановец удрил во двајца велосипедисти од Исланд