Вардар одигра маестрална партија вечерва на Арената во Скопје. Не само што ја победи силната Лозана, туку во целост и ја надигра. Според играта лесно можеше да биде оваа победа од 2:1 и далеку повисока.
Немања Босанчиќ, играчот за врска на Вардар беше еден од најдобрите на теренот. По мечот истакна:
„Седум дена се подготвувавме за овој меч. Одигравме добар меч, заслужено победивме. Имавме некои грешки и некои ситни детали треба да ги исправиме. Верувам дека може да одиме во следното коло. Ова е само прво полувреме, има уште 90 минути кои ќе се играат во Лозана, но верувам во нашите можности“, рече Босанчиќ веднаш по дуелот.