Уф, каков меч на Вардар вечерва на Арената во Скопје. Победа над силната Лозана со 2:1 во една неверојатно фајтерска битка на четата на стратегот Гоце Седлоски кој уште еднаш покажа дека е мајстор на својот тренерски занает. Само браво и за него.
Каков Вардар?
Фантастичен Вардар! Неверојатен Вардар! Супер Вардар!
И уште еднаш големо БРАВО за Вардар.
Сите заслужуваат честитки. Од капитенот Омерагиќ, секако Мато, па Матиќ, Тодоровски…сите, сите.
Ова е голем успех, голема победа на нашиот најтрофеен тим, блескавата серија продолжува. Ова е 21 меч во низа без пораз на нашиот најтрофеен и најголем клуб.
Вака се игра во Европа, вака се зголемува македонскиот клупски рејтинг.
Затоа велиме…
Ова е ВАРДАР, ова е МАКЕДОНИЈА.
Секако дека има и реванш за седум дена во Лозана. Таму тие вардарови 2:1 не смеат да се бранат.
Сега работите се поинакви, сега Вардар и тоа како се прашува.