Вечерва тимот на Вардар игра меч од второто коло од Квалификациите за Конференциската лига на Европа игра дуел против тимот на Лозана од Швајцарија.
Меч во кој секако има свои амбиции и мотиви, и каде што „црвено – црните“ и тоа како имаат што да кажат.
Нашиот најтрофеен клуб, со децении е преставник во Европа. Уште од времето на Екс Југославија. Долгата историја на евопски настапи на Вардар стартува уште во шеесетите години на минатиот век, а она што е раритет, и своевиден куриозитет, е што со овогодинешниот настап во кваликациите на Лигата на Конференции, Вардар и официјално бил дел од сите европски натпреварувања кои што се под капата на УЕФА.
Се започнува во 1961 година со Купот на победниците на куповите и двомечот со Дармфермлајнм кога Вардар е елиминиран со вкупни 7:0.
Во Купот на УЕФА се дебитира во 1985 година кога е забележана првата победа односно пласман во следната фаза. Динамо Букурешт е елиминиран, Данди Јунајтед е пречката која не може да се мине.
Годината 1987 е онаа легендарната за Вардар. Купот на Шампионите и дуелите со Порто, по освоената титула во екс Југословенскиот шампионат. Сепак, идниот првак на Европа е пресилен за Вардар, на два пати по 3:0 за португалците е епилогот на овој двомеч.
Во самостојна Македонија, Вардар дебититира со настап во купот на УЕФА и мечот со Бекешчаба, во 1994. година. Следуваат мечевите од истата конкуренција со Хит Горица, Халмштад, Бордо….
Што се однесува пак до Интрертото купот тука се мечевите против Етникос Ахна, Гент, Шалке 04 и тоа прекрасно вардарово лето во 2004 година.
Нормално, кога станува збор за Лигата на Шампионите, тука Вардар сеуште може да се пофали единствено со настапи во квалификациите. Дуелот со Бате Борисов, оние незаслужени 0:0 во Скопје и елиминацијата која што Вардар не ја заслужи се помни најмногу. По таа 2012 година, мора да се спомене онаа 2017. кога Вардар го елиминираше Малме, за да по одличните 1:0 во Скопје против Копенхаген, дојдоа оние 4:1 на гости и елиинацијата.
ИСТОРИСКАТА ГРУПНА ФАЗА ВО ЛИГА НА ЕВРОПА
Сепак, како најголем успех на вардаровите настапи во Европа се смета оној во Лигата на Европа каде што Вардар и оствари пласман во групната фаза. Токму таа 2017 година. По елиминацијата на Фенербахче со победа и дома и гости, Вардар успеа да влезе во групата со Рерал Сосиедад, Зенит и Роземборг. Искуство кое што за вардаровите навивачи засекогаш ќе остане запаметен како најголем успех на клубот. Секако, и повод истиот да биде достигнат во најското време.
Конечно, со овогодинешниот настап во Лигата на Конференции, Вардар ги има забележано игрите во сите елитни натпревањувања на УЕФА, што според нашите истражувања му се случило само на уште еден тим, а тоа е унгарски Ференцварош.