Вардар вечерва игра за плус 750.000 евра од УЕФА

699

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Вардар вечерва во стартува второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции. Противник е екипата на Лозана од Швајцарија, која што веќе и го одржа синоќа официјалниот тренинг во Скопје, на Арената.

Вардар веќе мина едно коло во оваа летна кампања во Европа, во која што минат е преставникот на Сан Марино, Ла Фиорита. Дома Вардар победи со 3:0, реваншот во Сан Марино заврши 2:2.

Па така, вечерва Вардар ќе игра за пласман во следната фаза и за премија од УЕФА од 750.000 евра.

Плус, оние веќе заработените од минатото прво коло, Вардар би бил во плус со евентуалната елиминација на Лозана, вкупни 1.5 милиони евра.

 

ПретходноКасинос Австрија Интернешанал Македонија – ексклузивен партнер на „Охридско лето” 2025
СледноБилетарата на Арената веќе е отворена и ќе работи до стартот на мечот Вардар – Лозана