Вајли: Едвај чекам да го облечам дресот на Македонија

200

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли се приклучи на кошаркарската репрезентација во Гевгелија. После неколку години пауза тој повторно ќе го облече „црвено-жолтиот’ дрес, вели дека ни малку не се двоумел, веднаш, без размислување прифатил да му помогне на националниот тим.

„Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво, штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата без многу размислување прифатив, среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое во живо ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија“, изјави Џејкоб Вајли.

Македонија во претквалификациите за СП 2027 година ќе игра против Романија и Унгарија, овој пат со подмладен состав. Вајли е спремен да им го пренесе своето искуство на помладите кошаркари.

ПретходноСтарт на една нова ера во Вардар: Без Стоилов после 14 години со Чупиќ на чело (ФОТО)
СледноЛК: Вардар VS Лозана! Најтрофејниот сака, знае и може до добар резултат