Дали Циципас го најави крајот со Иванишевиќ?

69

Голема врева се крена околу изјавата на Горан Иванишевиќ за Стефанос Ципас, за кого рече дека никогаш не видел понеподготвен играч. По разочарувањето на Вимблдон, Гркот се врати во својата татковина и во интервју за локалната „Газета“ рече:

„Не сакам авторитарни луѓе за партнери“. Нема сомнение дека оваа негова порака ќе предизвика многу реакции во јавноста.

Циципас со години работи со фитнес тренерот Фредерик Лефевр и е сигурен дека ќе продолжи да работи со него и во иднина. Што всушност бара од своите соработници, меѓу кои неодамна беше и поранешниот тренер Новак Ѓоковиќ, и што го мотивира да продолжи?

„Кога работам со вистинските луѓе што ги бирам и со кои се чувствувам удобно. Ова не значи дека престанувам да тренирам кога сакам или дека јас одредувам колку ќе вежбам, тоа се оние кои имаат заедничка линија, кои знаат колку напорно работиме и што сакаме да постигнеме преку работата што ја вложуваме, но исто така одржуваат пријателска атмосфера во текот на сето ова. Многу е тешко да имаш диктатори и луѓе кои зборуваат негативно и не се чувствуваш како да се блиски до тебе како семејство. Можноста да изградиш семејство од ова, луѓе кои не само што ќе работат со тебе на тениската страна е нешто што навистина сакам да го изградам. Сакам да го задржам мојот тренер Фред до крајот на животот. Тој не е само личност што ќе биде со мене во следните 10 години, тој е член на моето семејство“, рече Циципас, но не го спомена конкретно Иванишевиќ.

ПретходноИ ПСЖ го пикираше Родриго, спрема неодолива понуда!
СледноВардар бил дел од сите Европски натпреварувања на УЕФА