И Пелистер ги запали моторите!

95
Фото: Е.Пелистер

И Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона во која ќе ја брани шампионската титула и ќе настапи во Лигата на шампионите.

Раководството на клубот го претстави новиот тренер Рубен Гарабаја и дел од новите ракометари во ростерот. Ибрахим Калед Валис, Ник Хенигман и Рудолф Хекберт ќе се приклучат викендов за медицинските тестови.

На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски, а тренерот ја претстави својата програма на работа за ова лето.

Во првата фаза од подготовките ракометарите Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од четврти август на Златибор. Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).

Првите официјални натпревари првакот ќе ги одигра во септември. Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 на 3 септември.

ПретходноПолувреме: БРАВО Матооооооо…. Вардар со водство!
СледноВелосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба