Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е комплетна. Во Гевгелија пристигна Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли.
Со Вајли „црвено-жолтите“ ќе добијат цврстина под обрачите. Тој заедно со Адем Мекиќ и Андреј Магдевски ќе бидат лидери на младите кошаркари.
Вајли последен пат за македонската репрезентација играше во претквалификациите за СП 2023 година. Има одиграно 12 натпревари на кои забележал просек од 12.8 поени и 7.6 скока. Вајли е еден од оние Американци со македонски пасош кој има оставено позитивен впечаток.
Последен тим за кого настапил 30-годишниот Вајли е Каролина од Порто Рико, неговиот просек на 11 меч е 11.1 поен и 4.7 скока.
Македонија утре ќе одигра два пријателски натпревари против Швајцарија, истите ќе ја дадат вистинската слика, но и насока што треба да се корегира пред стартот на претквалификациите за СП 2027 година. Нашите кошаркари почнуваат против Романија на втори август, седум дена подоцна (9 август) е гостин на Унгарија, по штп на 13-ти истиот месец игра исто на гостински терен кај Романија. Овие претквалификации ги затвара на 20 август против Унгарија на домашен терен.