СВР Куманово во својот дбевен билтен, ја информираше јавноста дека на ден 23.07.2025 година на региоаналниот пат Куманово – Свети Николе, жител на Куманово, со своето возило удрил во двајца велосипедисти. Државјани на Исланд кои што се подготвувале да бидат дел од младинските европски игри кои што се одржуваат во моментов во Скопје.
„Вчера во 12:09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, атар на село Зубовце, патничко возило ‘фолксваген пасат’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка“, соопшти полицијата.
Нема подетални информации околу здравствената состојба на велосипедистите.