Поранешниот американски кошаркар Џеф Тиг тврди дека Леброн Џејмс бил допингуван.
Џејмс се смета за еден од најдобрите и најголемите кошаркари во историјата. Тој освои четири шампионски титули – две со Мајами и по една со Кливленд и Лејкерс. Тој е најдобриот стрелец во историјата на лигата и единствениот со 40.000 постигнати поени, исто така и единствениот со 40.000 поени и 10.000 скока.
Би бил потребен „километар“ текст за да се опише што направил во својата кариера, а сега, на 40-годишна возраст, тој сè уште игра на елитно ниво и е еден од најдобрите играчи на Лос Анџелес Лејкерс.
За време на разговор во подкастот „Club520“, Џеф Тиг рече дека Леброн Џејмс бил допингуван.
„Леброн беше на стероиди, брате. Мораше да пропушти натпревари затоа што беше на стероиди. Очигледно. Кога почнаа да тестираат за HGH (хормон за раст), мораше да пропушти неколку натпревари. Рече дека го боли грбот, пропушти три недели и се врати слаб“, објасни Тиг, долгогодишен НБА кошаркар.
Откако овие коментари се проширија на социјалните мрежи, Џеф Тиг повторно проговори и делумно ги негираше неговите приказни, велејќи:
„Луѓе, многу сте чудни. Се шегував за Леброн. Тој беше многу доминантен“, напиша Тиг на „Инстаграм“.