ЛК: Вардар VS Лозана! Најтрофејниот сака, знае и може до добар резултат

175

Вечерва од 20:30 часот во првиот дуел од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, Вардар на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ја дочекува Лозана. Екипа од Швајцарија која по долги години игра во Европа и која си има свои амбиции и секако квалитет. Сепак станува збор за една од најдобрите екипи од Швајцарија.

Вардар по триумфот над Ла Фиорита во воведното квалификациско коло, сега ќе има далеку потешка задача. Не дека тимот од Сан Марино беше слаб, напротив, но Лозана е некоја друга димензија, токму таков профил на тим како противник му треба на тимот на Гоце Седлоски да покаже дека сака, знае и може до добар резултат.

Вчера на пресот токму Седлоски кажа дека има проблеми со составот, дека настапот на Закариќ и натаму е под голем знак прашалник.

Од друга страна истакна дека е убеден дека неговите избраници ќе го дадат својот максимум, ќе покажат карактер, дека Вардар ќе оди на добар резултат и дека се надева дека на реваншот во Лозана следната недела ќе се замине со добар резултат.

Да потсетиме дека натпреварот од 2.квалификациско коло Вардар – Лозана се игра вечерва од 20:30 часот на Нациоалната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Главен судија ќе биде Доминик Стари од Чешка.

Победникот од овој двомеч во следната фаза во квалификациите во ЛК ќе игра против победникот од двомечот Зимбру (Молдавија) – Астана (Казахстан).

ПретходноВајли: Едвај чекам да го облечам дресот на Македонија
СледноШкупи се засили со екс напаѓач на Евертон и некогашен член на младата селекција на Франција! (ФОТО)