После неколку тренинзи одбработени во Гевгелија, еден од ретко искусните кошаркари во составот на македонската репрезентација, Адем Мекиќ направи кратка анализа. Добро е познато дека нашиот најдобар сениорски тим преку ноќ, наместо чекор по чекор, го започна процесот на смена на генерација.
Во претквалификациите за СП 2027 година, Македонија ќе има нов лик. Селекторот, Марјан Илиевски на располагање има бројни млади кошаркари, кои за првпат ќе се соочат со голем предизвик.
Мекиќ вели дека во целата ситуација позитивно е што младите надежи кои добија покана се мотивирани и гладни за успех. А за да кошаркарска Македонија се искачи едно скалило погоре ќе биде потреба поддршка и трпение од сите.
„Репрезентација е во нов облик. Ова природен процес за жал кај нас се случи наеднаш, што поради природни, што поради неприродни причини. Но, тоа е, што е. Тренираме одлично и најважно е дека имаме добра енергија и атмосфера. Момците се позитивни, гладни за докажување и за успех, според мене нешто е најважно во овој момент.
Полека се запознаваме. Во составот сега има повеќе неискусни кошаркари од искусни, па сега ние се прилагодуваме на младиот бран. Мора сите заедно да им дадеме поддршка, јавноста мора да има трпение за младите кошаркари, им треба време за да се созреат.
Иако имаме нова и млада Македонија, сигурен сум дека оваа репрезентација ќе даде 100% од себе на секој натпревар. Се приклучи Вајли што пак е дополнителен импулс за сите во тимот. Неговата поддршка под обрачите и тоа како ќе биде значајна, кошкарите ќе можат да научат многу од него“, ни изјави Мекиќ.
Македонија утре и во сабота ќе одигра два пријателски натпревари против Швајцарија во салата на Ноел во Гевгелија. Нашите кошаркари се сместени во хотелот Аполонија каде имаат одлични услови.