Вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, видовме слика која не потсети на едни други поубави времиња на ФК Вардар. Кои ете повторно се враќаат, а ова беше само блесок кој што наговестува нешто многу, многу убаво.
Вардар вечерва одигра како во своите најдобри времиња, оние на кои што генерации се сеќаваат, а сегашните ќе имаат за што да зборуваат. Вардар вечерва во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции обезбеди огромна, фантастична победа против тимот на Лозана од Швајцарија со конечни 2:1.
Деведесет минути на борба, гинење, и жртва им донесе на момците на Гоце Седлоски предност пред реваншот во Швајцарија за седум дена во кои искрено се надеваме дека повторно Вардар ќе е добитен и ќе мине во следната фаза,
Вардар доминираше во првиот дел, Мато награди со водство
Иако сите оние кои го следеа овој меч синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје очекуваа доминантен гостин со оглед на реномето со кое што пристигна Лозана, нештата на терен беа сосема други.
Вардар беше тој кој што од првата минута постави темпо, игра и позиција на терен за која што Лозана немаше одговор. Домаќинот од друга страна стрпливо ги градеше акциите, чекаше контра напад во случај на грешка на гостите.
Неколку обиди на Омерагиќ, на на Кастањеда, на Мато, беа предзнак дека Вардар може да поведе што на крајот и се случи.
Се играше судиското продолжение на првиот дел, кога акцијата од десно, ја доведе топката до Димитар Тодоровски, а овој со финта го исфрли од колосек својот директен чувар, и со посилната лева нога шутираше прецизно. Летица одби, а на таа топка налета Роџерс Мато кој заби силно под пречка за водство на Вардар.
Лозана се освести во продолжение и израмни
На стартот на второто полувреме на терен видовме еден сосема поинаков тим на Лозана. Гостите очигледно дека дознаа со кого си имаат работа, дека нема во Скопје да победат само затоа што се појавиле, па заиграа далеку подобро. Направија две измени, и тоа очигледно вроди со плод. Ударот на Диакате од полудистанца беше неодбранлив. Швајцарците имаа уште една зицер ситуација.Лозана имаше една зицер ситуација, но Талевски со бравура одбрана спасува гостинско водство.
На другата страна Роџерс Мато покажа уште еднаш дека ова е негова вечер па со една соло акција во која мина педесетина метри во полн трк и дриблинг успеа да излезе косо пред Летица да шутира но хрватот овојпат на висина на задачата.
Омерагиќ за ерупција на Арената
Роџер Мато во седумдесет и шестата минута, го имаше својот втор зицер, Летица повторно поуспешен, за да следи нова еурпција на Арената.
Добра акција воиграна кација од корнер, во која топката остана на петерецот, мешаницата и карамолот со глава ја доведе топката до Омерагиќ кој што погоди под Летица за повторно водство на Вардар. Ерупција од вооодушевување на Арената, која како да почувствува дека тој финиш на мечот сепак ќе му припадне на Вардар.
Второ квалификациско коло Лига на Конференции
Вардар – Лозана 2:1 (1:0)
Гледачи: 7000
Стрелци: Мато, Омерагиќ (В) Диакате (Л)
Вардар (4-4-2): Талески; Јанкулов, Матиќ, Фаустин, Маневски; Босанчиќ, Донгмо; Кастенада (Данев 46); Тодоровски; Омерагиќ, Мато
Лозана (4-3-3): Летица; Муанга, Дусен, Окох, Поати; Кастодио, Роче, Ндиаје; Ајдини, Диаките, Сене