Официјално: Од македонските клубови само МЗТ Скопје и ТФТ ќе играат следната сезона во АБА2! (ФОТО)

100

Попладнево раководството на АБА2 ги објави и официјално сите екипи кои следната сезона ќе играат во вториот по ранг натпреварување во регионалната лига.

Од македонските клубови тука се само МЗТ Скопје и ТФТ. Имаше некоја веројатност да се најде во ова друштво и МКК Куманово, но сепак ништо од тоа.

Во следната сезона ќе има нов формат во АБА 2 лигата.

Шампионот е сместен во вториот барабан во пресрет на ждрепката, а тимот на ТФТ се наоаѓа во последниот, четвртиот.

Интересно е тоа што ќе се игра во форматот како во европските фудбалски купови од минатата сезона.

Секој тим ќе одигра по осум мечеви но со разлчни ривали, а по два од секоја барабан.

Во оваа фаза не можат да се сретнат екипи од иста земја, како МЗТ и ТФТ на пример. Потоа сите екипи ќе се најдат во иста табела, а осумте најдобри екипи ќе го започнат плеј-офот и така се до самото финале.

ПретходноРашфорд го одработи својот прв тренинг со Барса!(ВИДЕО)
СледноПознати се стартните состави: Вардар ќе ја напаѓа Лозана со Омерагиќ и Мато!