На околу еден час пред почетокот на средбата, тренерите на Вардар и Лозана, Гоце Седлоски и Петер Цајдлер ги објавија стартните состави на своите екипи за вечерашниот меч во Скопје.
Ова се старните состави:
ВАРДАР: Талески, Јанкулов, Матиќ, Фустин, Маневски, Босанчиќ, Донгмо, Кастењада, Тодоровски, Мато, Омерагиќ.
Од ова се гледа дека и покрај сите напори, Горан Закариќ порадуи повреда не е меѓу стартерите.
ЛОЗАНА:Летица, Маунга, Дусене, Окох, Поату, Кустудио, Роше, Ндиаје, Диаките, Ајдини, Сене.
Да потсетиме дека оваа средба е прва од двомечот меѓу Вардар и Лозана во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.