Вардар – Лозана 1:0 е резултатот по првото полувреме вечерва на Арената во Скопје, на првата средба од двомечот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Стрелец беше Мато во 45+2.минута кога напаѓачот на нашиот тим прифати една одбиена топка и успеа да ја смести топката во мрежа на гостите од Лозана.
Апсолутно заслужено водство ако се знае дека Вардар беше одличен, храбар, одважен. Ја надигра Лозана, а според шансите немаше да биде незаслужено ако Вардар имаше и поубедливо водство, зошто Омерагиќ во три наврати опасно се закани, уште еднаш и Мато.
БРАВО ВАРДАР.
Само напред Вардар, така се игра и против една силна Лозана.