Ласана Диако (26) е најновото име во ростерот на некогашниот двоен шампион на Македонија. Попладнево Струга ТЛ се пофали дека го ангажирала Ласана Диако, интернационалец од Франција со потекло од Мали.
Диако може да игра како стопер, десен бек, но и како последен играч за врска.
Секако ова добро ќе му дојде на стратегот на стружани, Бледи Шкемби.
Последен клуб на Даико бил Париз 13 Атлетико кој се натпреварува во третата лига на оваа земја.
Претходно играл во Луситанос, Шамбли, Кретеи…