Рашфорд го одработи својот прв тренинг со Барса!(ВИДЕО)

148
ФОТО: FC Barselona/FB

Кој сака нека каже, ама Маркус Рашфорд и тоа како е големо, екстра засилување во нападот на Барселона. Тој е првиот Англичанец кој по три децении и повеќе го облече дресот на каталонската гордост. Иако ќе игра како позајмен играч, сите во Барса се презадоволни што ете го добија еден од најдобрите англиски напаѓачи, ама кога му се игра.

А од тоа што можеше да се види на денешниот тренинг, инаку прв на Рашфорд во новиот клуб, на него и тоа како му се игра.

Јамал, Рафиња, Рашфорд, Левандовски, Олмо, Феран Торес, Барџи…каков ли само страшен напад ќе има Барса во следната сезона.

Нека му ја мислат противниците.

ПретходноФранцузинот во Пелистер 2 најави: Едвај чекам да заиграм пред полни трибини
СледноОфицијално: Од македонските клубови само МЗТ Скопје и ТФТ ќе играат следната сезона во АБА2! (ФОТО)