Ристовски и Елези со победа во дебито за Сараево, Џани против Марко само до реми, Трапановски со триумф!

497
FK Sarajevo/FB

Вечерва во квалификациски мечеви во ЛЕ и ЛК настапија неколку наши интернационалци и репрезентативци.

На “Кошево“ во Сараево свое деби во “бордо“ тимот имаа Стефан Ристивски и Агон Елези и славеа победа од 2:1 против Универзитатеа Крајова од Романија.

Ристовски беше стартер, а Елези влезе во игра во 71.минута.

На мечот Лугано – Клуж, кој заврши без голови, и кој беше “македонско дерби“, за домашните настапи Езгјан Алиоски а за гостите во игра влезе Марко Ѓорѓиевски.

Кристијан Трапановски беше дел од победата на Данди Јунајтед од 1:0 против Уна Страсен од Луксембург. Македонскиот репрезентативец беше стартер во дресот на тимот од Шкотска, а беше заменет во 71.минута.

ПретходноТренерот на Лозана: Не бевме изненадени од Вардар!
СледноПродолжува неверојатната серија, Вардар е 21. меч без пораз