Денеска Александар Таневски – Клајне наполни 41 година, но немаше премногу време да го прослави својот роденден, зошто попладнево означи старт на подготовките со својот нов тим, како тренер, ФК Скопје.
За тоа какви се амбициите на второлигашот од Автокоманда за следната сезона, Таневски ни изјави:
„Секако дека се големи штом сме се нафатиле на работа. Секако дека ни е потребно добро одработување на подготовките и екипирање на составот. Од искусните тука е Дино Најдовски, а Скопје следната сезона ќе биде препознатливо и по својата младост. Се надевам на успешна сезона, имаме поддршка од градоначалникот тоа секако дека треба да се поздрави“ потенцираше Таневски, кој во својата тренерска кариера ги предводел екипите на Македонија ЃП, Брера, Беса и сега Скопје а од неодамна е назначен и за селектор У-20 репрезентацијата на Македонија.