Вардар победи на првиот меч против Лозана со 2-1 во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот, Гоце Седлоски има право на задоволство, неговите момци одиграа одлично.
Тој пред мечот најави дека ќе играат офанзивно. И се заблагодари на публиката за поддршката. Најави нова добра игра и на реваншот, кој е за седум дена.
„Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме офанзивен фудбал и тоа го остваривме на теренот. Единствено не сум задоволен од тоа како влеговме во првите 10-тина минути во второто полувреме, но не треба да се заборави дека имавме тежок ривал од Швајцарија со голем буџет. Тука не застануваме. Уште Лозана ја има улогата на фаворит, но ние ќе работиме ќе се подготвуваме да ја оствариме целта и во реваншот. Благодарност и до публиката која беше наш 12-ти играч. Постојано не бодреа и ние им подаривме триумф“, додава Седлоски.