Историјатот на фудбалските клубови кои настапувале во Европа, а се соочиле со противници од Швајцарија вели дека во изминатите три и повеќе децении македонска независност, а и претходно во настапите на ФК Вардар во рамките на екс Југославија, претставници на оваа држава се појавуваат на два пати.
Првично тоа е сега веќе далечната 2001 година кога, битолски Пелистер беше дел од квалификациите на УЕФА. Во дуелот со екипата на Сент Гален имаше дијаметрално спротивни мечеви. На домашен терен загуби со 0:2, а потоа во реваншот избори сензационални 2:3, и шанси за четврти гол што ќе значеше пласман понатаму.
Од дрига страна пак, во времето кога доминираше со македонскиот фудбал, тимот на Работнички откако во рамките од Лигата на Шампионите го мина тимот ан Дебрецин од Унгарија, а загуби од Лил од Франција, се сретна со силниот во тој момент тим на Базел во рамките од купот на УЕФА.
Швајцарците во тој момент беа пресилни. На свој терен победија со високи 6:2, реваншот во Скопје беше само формалност. Обезбедија со 0:1.
Сега, Вардар ќе го нагости вечерва третиот швајцарски тим во рамките од Лигата на Конференции, тимот на Лозана.
09.08.2001 Пелистер – Сент Гален 0:2
23.08.2001 Сент Гален – Пелистер 2:3
14.09.2006 Базел Работнички 6:2
28.09.2006 Работнички – Базел 0:1