Вардар 1961 и официјално означи старт на подготовките за новата сезона. Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше на располагање дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондициониот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи. Со стартот на подготовките започна нова ера, во која Стојанче Стоилов, за првпат после 14 години нема да биде дел од „црвено-црните“, причината веќе е јасна.
Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.
Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.