Струга ТЛ се раздели со Кехинде!

616

Како што дознаваме, Ланре Кехинде не е веќе член на Струга Трим Лум. Него следниот месец му истекува договорот со стружани, а првите луѓе на клубот, такви се нашите информации, не биле премногу расположени да ја продолжат соработката со напаѓачот од Нигерија кој изминатата сезона играше за некогашниот шампион на Македонија, а претходно беше дел и од Гостивар.

Ова секако и не некое големо изненадување, ако се знае дека сега Струга ТЛ има нов тренер, веројатно Бледи Шкемби си има свои размислувања и идеи за тоа како ќе му изгледа нападот во следната сезона, а очигледно дека Кехинде не се наоѓа во неговите размислувања.

Ова значи дека Струга Трим Лум мора да ангажира квалитетен шпиц до крајот на летниот преоден рок. Тоа секако дека и ќе го стори, се разговара со неколку потенцијални засилувања, ама сеуште нема ништо конкретно.

ПретходноБорзаш: Убаво се чувствувам во Алкалоид! Нашите цели се високи!
СледноНа Лионел Меси му се заканува суспензија