Тиквеш одби 150.000 евра вредна понуда за Најдовски

2880

Екипата на Тиквеш во моментов се наоѓа во Болу, Турција, каде што ги одработува базичните подготовки за оваа летна пауза. Новиот спонзор на кавадарчани обезбеди оптимални услови за работа на овие подготовки, и секако супер квалитетни ривали за да се темпира формата.

Момците на тренерот Ѓорѓи Мојсов одлично ги одиграа досегашните пријателски мечеви во Турција, а левиот бек Никола Најдовски особено се истакна.

Тоа го вметна македонскиот младински репрезентативец во нотесите на скаутите кои што престојуваат во Болу, и на изненадување на многумина по дуелот со Анталијаспор чиј тренер е легендарниот Емре Белозоглу, клубот испрати официјална понуда за Најдовски вредна 150.000 евра.

Истата според нашите информации е одбиена, а ќе видиме дали Турците ќе се обидат по вторпат со финансиски подобра понуда.

 

ПретходноЃоргиев: Вардар е македонскиот Реал Мадрид, заслужува полни трибини, победа и радост
СледноВторо квалификациско коло ЛК: Вардар против Лозана ги „буди“ победничките духови од минатото