Лозана не ја оправда фаворитската улога на првиот меч против Вардар во рамките на 2. квалификациско коло во Конференциска лига, во Скопје и загуби со 2-1. Ова беше неочекуван резултат за овој тим со оглед на тоа дека и тренерот Петер Цајдлер очекувал добро издание на „црвено-црните“.
„Ова беше многу тежок меч за нас. Во текот на целиот дуел бевме нервозни. Направивме некои корекции, но мораше да одиграме многу подобро во одбраната. Се надевам дека ќе се корегираме во следните дена.
Не бевме изненадени од играта на Вардар. Повеќе бевме непријатно изненадени од нашата игра. Одигравме под нашите можности и тоа мора да го поправиме во следните неколку дена пред реваншот на наш терен“, рече тренерот на Лозана Петер Цајдлер, кој додаде дека Вардар имаше и голема поддршка од публиката.