Французинот во Пелистер 2 најави: Едвај чекам да заиграм пред полни трибини

111

Вчера работен состанок, денес медицинските тестови и утре прв тренинг на новиот суперлигаш –  Пелистер 2. Максимално екипирани и силно мотивирани Дрогришки, Белистојановски, Димитровски и останатите ја започнаа сезоната на големи очекувања.

Новајлијата Баптист Одифред ги искажа очекувањата од сезоната на омилениот тим на битолчани.

“Мојата кариера започна во Франција, па настапував во евро-куповите за клуб од Луксембург и до пред неколку месеци играв во Јапонија. Доаѓам тука со голема желба да игра за овој добро познат клуб на европска сцена. Среќен сум и носам само добри први импресии од клубот.

Споредено со Франција, која исто така е ракометна земја, тука овој спорт е пасија. Прошетав на главната улица и видов многу луѓе со дресот на Пелистер. Гледав многу видеа и натпревари и полна сала тука во Битола. Имам голема желба да ја почувствувам таа атмосфера. Екипата е млада, но имаме јасни цели и едвај чекам да дебитирам во шампионатот”, изјави десниот бек.

ПретходноАстана и Зимбру на првиот меч одиграа 1:1!
СледноРашфорд го одработи својот прв тренинг со Барса!(ВИДЕО)