Магаје Гуеје (35) од денеска и официјално ново име во редовите на Шкупи. Станува збор за некогашен член на Евертон и некогашен член на младите селекции на Франција, но и фудбалер кој, барем според “Трансфермарк“ три години е без клуб.
Тоа значи дека Шкупи ангажирал познат фудбалер кој некогаш играл во познати клубови, но и дека три години никаде го немало на фудбалската мапа.
Колку Гуеје ќе успее да врати барем дел од својата некогашна форма, тоа веројатно најдобро го знает тие што го донеле на Чаир.
Останува да се види.
Инаку Сенегалецот кој има и француско државјанство бил член и на Стразбур, Ремс, Карабах, Адана, Динамо Букурешт.