Ѓоргиев: Вардар е македонскиот Реал Мадрид, заслужува полни трибини, победа и радост

1615

Вечерва екипата на Вардар во Скопје, на својата Аренат Тодор Проески во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции, го пречекува швајцарскиот тим на Лозана.

„Црвено – црните“ успешно ја минаа првата пречка, тимот од Сан Марино, Ла Фиорита, а сега Лозана ќе биде вистински тест за можностите на избраниците на Гоце Седлоски.

Имал Вардар вакви летни европски вечери во минатото многу. Една од оние најубавите, највечатливите, нај за паметење е онаа против Бате Борисов. Полната Арена, преку 30.000 гледачи, еувофијата за пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите, но и ремито 0:0 кое што го елиминираше „црвено – црниот“ табор.

Во таа пеколна вардарова јулска ноќ на теренот на Арената беше и Драган Ѓоргиев, некогашниот репрезентативец на Македонија, кој што сега живее во Швајцарија и е одлично запознат со тамошниот фудбал.

„Благодарност што се сетивте на мене. Да, имаме конекција јас, Вардар и Лозана како претставник на фудбалот во Швајцарија. Што да кажам друго, освен дека и јас како и сите актери на овој меч, дали на теренот, на трибините или пак пред тв екраните ќе уживаме во овој меч. Како оној пред години против Бате. Таа вечер засекогаш ќе ја помнам. Прекрасна атмосфера, „Гратски“ полн, носиш дрес на Вардар на дуел во Европа… па има ли поубаво. Нема верувајте“ – ни вели Драган Ѓоргиев па веднаш продолжува.

„Вардар е македонскиот Реал Мадрид. Да, тоа е тој клуб. Тежи дресот, тежи се што е околу него, во него. Децении и децении, генерации… успеси титули. Вардар е нешто што мораш да го доживееш. Ја имав таа среќа ете и јас две години да сум дел од овој клуб. Незаборавни моменти“ – вели полуларниот Гаго….

Седлоски е тренериште, чест ми е што работев и со него

„Вардар нема што да загуби на овој меч. Може само да добие. Големо, огромно искуство за сите. Има нов тим, млад тим. Кој што верувам дека вечерва ќе покаже што знае и умее. Голема предност. Гоце Седлоски. Знам добро како подготвува екипа. Тактички, физички, но пред се психолошки. Те тера да изгинеш за него. Тоа се бара. Имав чест и задоволствон да работам со него во Хоризонт Турново. Излеговме и во Европа. Прекрасни времиња“ – се сеќава Ѓоргиев на светлите моменти од неговата кариера.

Лозана е квалитетна но Вардар има свои шанси

„Што се однесува до противникот, Лозана е квалитетен тим. Тука нема дилеми. Но Вардар игра на свој терен, пред своја публика, тоа е голема предност. Вардар има квалитет да се спротивстави, сигурен сум. Лозана ќе сака да нападне, со новиот тренер, сакаат да играат квалитетен фудбал, пресинг, да одземат топка во секој момент. Вардар мора да одговори адекватно. Му посакувам среќа, успех, зошто Вардар тоа го заслужува. Тој клуб е срцето на Скопје, на Македонија, пресреќен сум што го гледам вака, рехабилитиран, „заздравен“ што се вели од се што му се случуваше во изминатиот период. Само така… вечер навивам со цело срце за мојот клуб“ – искрено и од душа ни се обрати Драган Ѓоргиев, некогашниот репрезентативец на Македонија.

 

ПретходноВардар бил дел од сите Европски натпреварувања на УЕФА
СледноТиквеш одби 150.000 евра вредна понуда за Најдовски