Ѕвер, капитен…АЗЕР!

851

Нема што, Азер Омерагиќ е вистинскиот капитен на Вардар. Капитенот одигра капитенски. Одигра ЅВЕРСКИ.

Одигра за највисока можна оценка

Одигра ПЕРФЕКТЕН МЕЧ.

Борба за секоја топка. Влегуваше во сите дуели и тоа бескомпромисно, како што доликува на капитенот.

И како награда дојде голот кога Азер се најде во таква ситуација пред голот на Лозана. Се виде дека Азер го има тоа чувство за гол.

Тоа е таа смиреност и присебност кога е најпотребно.

Со таквата игра, јасно е дека капитенот го понесе својот тим, својот Вардар да одигра како што одигра вечерва.

А одигра МАЕСТРАЛНО.

Одигра за сите оние кои го сакаат нашиот најтрофеен клуб.

Браво за Азер! Браво за КАПИТЕНОТ!

Ова е неговата веројатно најдобра партија откако е членна Вардар.

Само така нека продолжи.

ПретходноСедлоски: Заслужено победивме! Нема да застанеме тука!
СледноПремиерот Мицкоски со поддршка за Вардар и од Кичево