Џирона со прв пехар, Миовски стрелец во пенал-рулетот

473
Фото: Џирона/Фејсбук

Македонскиот репрезенттивец, Бојан Миовски го освои првиот трофеј со Џирона. Нашиот голгетер и неговиот тим го освоија Купот на Каталонија, Џирона во крајно неизвесен меч славеше против Еспањол после изведување на пенали.

Дуелот по 90 минути игра заврши без голови, а во изведувањето на пенал-рулетот Миовски и неговите соиграчи славеа со 5-4. Македонскиот репрезентативец влезе во второто полувреме и беше еден од фудбалерите кој успеа да се запише во листата на стрелци во пенал-завршницата.

ПретходноКошаркарите се комплетни: Вајли пристигна во Гевгелија (ФОТО)
СледноСтарт на една нова ера во Вардар: Без Стоилов после 14 години со Чупиќ на чело (ФОТО)