Алкалоид најавува уште една „брза“ сезона

76

Ракометниот клуб Алкалоид е во екот на подготовките за новата сезона. Веројатно омилениот дел од годината на стручниот штаб на чело со Кирил Лазаров, кој што својата ракометна филозофија ја базира во голема мера врз физичката подготовка, тренингот, и начинот на кој што сето тоа функционира.

Минатата сезона брзината, колективот и транзицијата во играта беа едни од главните карактеристики на тимот. Следната сезона се очекува да биде уште „побрза“, а еден од играчите што може да го испорача тоа на терен и како крило и како бек е Иван Џонов.

„Веќе неколку дена сме во тренажен процес и подготовките почнаа да добиваат свој ритам на кој се привикнуваме. Во понеделник ќе одиме на Маврово каде што ќе ја одработиме втората фаза. Работиме многу посветено, знаеме колку е битно да се одработи квалитетно овој дел за да може екипата да ја игра својата игра и во одбрана, транзиција, напад… Максимално ќе ги искористиме тренинзите и овде и на Маврово и за физичката подготвеност и за психолошката. Понатаму, како што ќе течат подготовките ќе бидат збогатувани со повеќе детали, анализи на противници, за конечно кога ќе дојде моментот да се натпреваруваме да бидеме целосно спремни за предизвиците што ќе бидат пред нас“.  – вели Џонов за официјалниот сајт на РК Алкалоид, па додава.

„Оваа сезона би требало да биде најинтересната и најквалитетната досега. Неколку екипи имаат сериозно добри состави, многу е вложено и очекувам да биде многу неизвесно и интересно првенство до крајот. Променет е и системот на бодување што ќе го зголеми притисокот врз сите уште од почетокот на шампионатот. истакнува бекот, па поентира околу претстојниот Евро настап на клубот.

 

„Добивме тежок противник во квалификациите. Не треба да се трошат зборови за Хановер, екипа што е во врвот на Бундеслигата. Прв пат ќе играме против Германци, тоа ќе биде нов голем предизвик за нас како екипа, па ќе видиме како ќе изгледа тој дуел. Ние ќе се спремиме за нив, ќе ни биде потребно да играме во најдобро издание за да ја оствариме целта. – рече Џонов.

 

 

 

 

 

ПретходноВардар плати казна од 30.000 евра
СледноВАР одлуките во Премиер лигата ќе се објаснуваат на публиката