Во американските спортови се знае што значат Ол стар мечевите и колку внимание им се посветува на нив. Можеби на останатиот дел од светот тоа нема никогаш да му стане јасно, но ете преку примери ќе се увиди дека всушност тоа е така.
Па кога еден Лионел Меси може да биде суспендиран со неиграње на еден меч затоа што го пропуштил ол стар мечот во МЛС лигата што останува за останатите. Плус, и неговиот другар и соиграч Жорди Алба го чека истата судбина.
„Неоправданото одсуство или немањето дозвола од самата лига за такво нешто од ол стар мечот се казнува со еден меч неиграње“ – велат правилата на МЛС.