Марјан Илиевски: „Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“

79

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска на првиот тест натпревар успеа да слави против Швајцарија со конечен резултат од 62:56.

Селекторот Марјан Илиевски со оглед на сериозниот ремонт на составот кој што во моментов го правиме, односно класичното подмладување е презадоволен од она што го виде на теренот.

„Резултатот е позитивен, но неблагодарно е сега да кажеме дека сме на одличен пат во однос на она кое следи. Но, затоа на одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки. Но како прв за меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“, беа зборовите на селекторот по успешната проверка во подготвителниот период.

ПретходноНовата Македонија ја победи Швајцарија на првиот тест
СледноВо Охрид се стартуваше со работа