Новата Македонија ја победи Швајцарија на првиот тест

246

Кошаркарската репрезентација на Македонија на првиот тест натпревар кој го имаше летово за време на подготовките, ја совлада соодветната селекција на Швајцарија со 62:56.

Со старните Магдевски, Митревски, Мекиќ, Андоноски и Какруки, Македонија на стартот се бараше себеси на теренот, а кога конечно нашите се „наместија“ што се вели, Магдевски погоди три тројки за да на полувреме заминеме со 36:30.
Периодот кој следуваше се покажа како клучен. Третата делница тотално ја добивме, се разигравме, и во еден момент имавме и дваесет поени предност.
Митревски одлично поентерски расположен со 15 поени, додека Џејкоб Вајли додаде свој 13.

Втората контрола е закажана за утре во истото време од 19 часот, на истото место, во салата „НБ Ноел“ во близината на Гевгелија.

ПретходноВАР одлуките во Премиер лигата ќе се објаснуваат на публиката
СледноМарјан Илиевски: „Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“