Она што се очекуваше тоа и се оствари. Стигна казната од УЕФА на адресата на ФК Вардар, поради користење на пиротехнички средства, и недозволени транспаренти на дуелот против Ла Фиорита од Сан Марино, во рамките на првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции.
Ова беше очекувано, затоа што правилата на УЕФА се јасни, строги и ригорозни и кај нив нема никаква отстапки.
За разлика од тој меч, на синоќешниот меч против тимот на Лозана од Швајцарија, немаше никакви забелешки во нотесот на делегатот.