Вардар со победата над Лозана донесе нови рејтинг – поени за Македонија!

373

Така е тоа. А кој ако не најтрофејниот клуб? Имено со вчерашната победа над Лозана, Вардар донесе нови рејтинг – поени на Македонија на клупски план во УЕФА. Па така сега Македонија ја прескокна Грузија и со 5.916 поени се наоѓа на 51.место. Сега сме на граница од таа последна и најслаба група, но одиме натаму.

Јасно е дека и Вардар и Шкендија со успесите во Европа донесоа нови рејтинг-поени и зголемување на коефициентот.

И Вардар и Шкендија победија на првите мечеви во 2.квалификациски кола и не само што ја израдуваа фудбалската јавност туку и тоа како го креваат рејтингот на клупско ниво во УЕФА.

Секако дека и Вардар и Шкендија не размислуваат тука да застанат.

ПретходноНовата Македонија на тест со Швајцарија
СледноЛеброн е во втор план, Лејкерси иднината ја градат околу Дончиќ