Велковски: РК Алкалоид од година во година го подигнува нивото погоре!(ФОТО)

52
ФОТО: RK Alkaloid/FB

Трета сезона во низа, десниот бек Мартин Велковски ќе го носи дресот на РК Алкалоид. 28-годишникот кој е дел од актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп од 2023 година спремен го дочека стартот на подготовките и вели дека овие тренинзи треба максимално да се искористат за тимот да се подготви добро на тактички и технички план за настапите кои следат.May be an image of 4 people, people playing tennis, people playing voleyball and text

За подготовките на РК Алкалоид…

По една тешка и долга сезона, повторно сме заедно свежи и желни за нови предизвици. Во новата сезона не чекаат тешки натпревари уште на стартот, затоа е многу важно најдобро да го искористиме подготвителниот период, да работиме максимално, за што побрзо да влеземе во нашата најдобра форма“

За квалитетот на тимот и очекувањата во Македонија…

Сметам дека РК Алкалоид од година во година го подигнува нивото, па така и оваа година добивме квалитетни засилувања кои ќе не направат уште подобри како тим. Не очекува возбудливо македонско првенство, во кое во овој преоден рок дојдоа добри играчи и во другите екипи, но нашите цели се јасни, секогаш да победуваме и никогаш не треба да отстапиме од нив“May be an image of 1 person

За Европската Лига на ЕХФ и двомечот со Хановер….

Лани игравме во Европскиот Куп на ЕХФ каде го освоивме трофејот и направивме голем успех, а оваа сезона ни следи Европската лига. Добивме силен противник на патот кон групите, тоа е Хановер, па против него ќе мора да бидеме перфектни и да се надминеме себеси, за да обезбедиме место во групната фаза“

ПретходноНовиот тренер на РК Пелистер:„Посакувам секој навивач да биде горд на нашата игра и резултати“
СледноМасар Омерагиќ: Честитки за Вардар и Шкендија!