Многу дилеми имаше околу тоа дека Макс Верстапен по завршување на оваа сезона ќе се пресели во Мерцедес, дека имал преговори со Тото Волф и дека останува само деталите да се прецизираат. Исто така се шпекулираше дека светскиот првак во Ф1 не е задоволен од тоа што сега се случува во неговиот тим Ред Бул и затоа си оди, а Мерцедес на “биковите“ ќе му исплати отштета од неверојатни 100 милиони евра.
Пред неколку дека токму Тото Волф, првиот човек на тимот на Мерцедес дека Макс не е во неговите планови.
Еве на се ова што одговори Верстапен:
„Исто така, постои можност да не се разбудам утре, па нема возење. Животот е непредвидлив и генерално сум задоволен од тоа каде сум, а целта беше кога ќе го потпишам договорот до 2028 година, да возам тука до крајот на кариерата“ изјави Макс Верстапен.