Иако се поврзуваше со трансфер во Железничар, сепак Дарко Велковски од денеска и официјално е нов член на шампионот на БиХ, тоа е тимот на Зрињски од Мостар.
Предмалку раководството на овој клуб со официјална промоција се пофалија дека успела да ангажираат квалитетен дефанзивец.
Секако дека оваа вест ќе го израдува селекторот Благоја Милевски, ако се знае дека Велковски до пред извесно време беше стандарден во репрезентацијата, ама потоа го загубни тој статус со оглед на тоа дека долго време беше без клуб.
Македонецот со Зрињски потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен до 2027 година.