Иако се надеваа, очекуваа и посакуваа да дојдат до пехарот на Светското клупско првенство, сепак “кралевите“ мораа на крајот да се задоволат само со пласманот во полуфуналето каде беа декласирани од ПСЖ со 4:0, за да потоа истиот тој ПСЖ во финалето беше поразен од Челзи со 3:0.
Сепак и покрај тоа што не ја освоија титулата, фудбалерите на Реал Мадрид добија и тоа каков бонус за пласманот во полуфиналето.
Според медиумите во Шпанија, раководството на клубот на секој играч посебно ќе му исплати по 280.000 евра.
Секако дека и овој бонус не е така лош.
Како што се пренесува, оваа сума ќе ја добие и Лука Модриќ на кого тој полуфинален меч со ПСЖ му беше последен во дресот на Реал Мадрид.