Една седмица машката сениорска репрезентација во Маврово мирно се подготвува за престојниот двомеч со Грција и Грузија од евро-квалификациите за ЕП 2026.
Екипата на селекторот Јошко Миленкоски работи со висок интензитет со пресрет на пријателските натпревари со Бугарија во Софија на почетокот на следната недела, кои треба да бидат прв показател на формата во која се наоѓа репрезентацијата.
Секако Грците е единствениот ривал кон кој се насочени сите мисли.
„Со висок интензитет и позитивна енергија работиме во Маврово, фокусирани на дуелите со Грција и Грузија. Желбите и амбициите се да обезбедиме учество на четвртото Европско првенство во низа. Тренираме со полна пареа во пресрет прво на пријателските натпревари. Двомечот во Софија со Бугарија треба да ни покаже дали сме на вистинскиот пат и што треба да корегираме. Потоа следи меморијалот ‘Чајка’, па она главното – мечот со Грција, кој е од клучно значење. Сакам да верувам дека летово ќе го завршиме со две победи и пласман на ЕП. Зошто да не!? Вистина е дека со Грците имаме два порази на последните два натпревари, но тоа не значи дека не може да изненадиме во Атина. Така и победата ќе биде многу послатка!“ – оптимист е Лука Костиќ.
Репрезентацијата в понеделник патува за Софија, каде на 29 и 30 август ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Потоа се стационира во Скопје, каде од 5 до 7 август ќе настапи на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“ заедно со Бугарија и Швајцарија, што ќе биде финална проверка на силата пред евро-квалификациите.