Масар Омерагиќ: Честитки за Вардар и Шкендија!

301

Секако дека победите на нашите фудбалски клубови значат многу. Сите кои сме во мак – фудбалот се радуваме на успесите на нашите клубови во Европа. Во два дена прво Шкендија ја победи Стеауа со 1:0 во квалификациите во ЛШ, а потоа и Вардар синоќа во фантастична фудбалска претстава успеа со 2:1 да слави над силната Лозана.

По ова денеска на својот личен ФБ профил се огласи и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ кој од свое лично име и од името на ФФМ, упати јавно честитки до двата клуба:

Честитки за Вардар и Шкендија! Победите се голем чекор напред за македонскиот клупски фудбал и значаен придонес за подобрување на нашиот УЕФА коефициент. Веруваме во прогрес и нови победи, чекор по чекор кон следната рунда“ честиташе Омерагиќ.

ПретходноВелковски: РК Алкалоид од година во година го подигнува нивото погоре!(ФОТО)
СледноДарко Велковски потпиша за шампионот на БиХ! (ФОТО)