Екипата на Вардар со предност од еден гол патува на реванш мечот против Лозана. Најтрофејниот македонски фудбалски колектив синоќа на Арената „Тодор Проески“ славеше со 2-1 на првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Избраниците на Гоце Седлоски одиграа одличен меч, публиката уживаше во фудбалската магија на Вардар, нешто што се чекаше долго време. „Црвено-црните“ во Европа се вратија со стил.
Иако вчера запишаа победа, истата не се славеше бидејќи утринава фудбалерите на Вардар продолжија со обврските за реваншот, Седлоски закажа тренинг.